Во изолирана планинска кабина, планински водич – ветеран и неговата ќерка, разговараат за животот поминат во планините. Се предава факелот помеѓу генерациите водичи во семејството и тие дискутираат за историјата и за тие кои дошле и поминале, а некои и заминале прерано...
Незгодите со лавини се случуваат во планините уште при првите патувања на луѓето во нив и низ филмот учиме како еволуирала рекреацијата во зимски услови и лавинската безбедност. Се раскажуваат приказни од времето на пионерите до денешните, модерни времиња и имаме можност да слушнеме искуства од повеќе ликови, вклучувајќи ги и тие на оние кои поминале низ тешки искуства.
Повеќето од овие приказни имаат забележливи сличности и тие кои ќе го гледаат филмот внимателно – ќе имаат што да научат...
Несреќни грешки, повторливи – неприметни опасности и моменти на одлучување со кои работите можеле да отидат во лош правец. Слушнете за оние кои биле сопрени од непосакуван крај. Учете од мудрите кои пропатувале долг живот во овие планини. Со намера да избегнете лавински несреќи низ вашиот животен пат, учете и знајте пред да тргнете.