„Пердувестите жители на карпите“ - Данка Узунова

Едукативните презентации на членовите на Македонско еколошко друштво, ни овозможуваат подобро да го разбереме биодиверзитетот во планините кои толку многу си ги сакаме и уживаме. Ни помагаат подобро да го разбереме, но и да научиме да го почитуваме тој нечиј во суштина дом и да научиме како и соодветно да се однесуваме кога минуваме низ него... ❤️

Таква ќе биде и новата презентација на овогодинешното ЕХО на оваа тема:

?„Пердувестите жители на карпите“
Покрај алпинисти, спортски качувачи и дивокози, карпите се дом и на голем број на птици. Данка Узунова, орнитолог од Македонско еколошко друштво, ќе одговори на следниве прашања: кои видови, како ги користат карпите и што се' е
потребно за живот на карпи?

Данка Узунова е израсната во Гевгелија. Од мали нозе покажува интерес за природата, кој продолжува во студии по екологија и професионално истражување на птици. Преку 10 години работи во Македонско еколошко друштво, каде директно придонесува за развојот на орнитологијата (наука за истражување птици) во Македонија. Нејзин најзначаен придонес е подобрување на познавањето на презимувачките водни птици во Македонија и во развојот на Вториот европски атлас на птици гнездилки. Моментално, таа е претставник на координаторите за зимско пребројување на водни птици на територијата на Западен Палеарктик.

Партнери

Поддржано од

Член на: