„Carte Blanche“ селекција на меѓународниот фестивал Coupe Icare Cinéma

„Carte Blanche“ е посебна фестивалска проекција посветена на гостински филмски фестивал, создадена за размена на искуства и претставување на неговиот избор пред нова публика. Ни гостува Coupe Icare Cinéma, меѓународен фестивал на филмови за летање, воздухопловни спортови и слободата што ја носи човековиот стремеж да се вивне над земјата. Фестивалот Coupe Icare Cinéma потекнува од Франција и е дел од познатиот настан Coupe Icare, посветен на слободното летање, параглајдингот, змејарството и другите воздухопловни спортови. Се одржува во француските Алпи, во областа Saint-Hilaire-du-Touvet, во близина на Гренобл.

Ќе ни ги претстави следниве филмови:

СОНУВАЈЌИ ДА ЛЕТА

Елена Валф, Германија, Хрватска, 2025, 5′

Кокошката треба да несе јајца, како и сите други кокошки. Но, ластовиците што летаат надвор ѝ будат поинаква желба: таа сака да лета!
Награда: Icare d’Or, Coupe Icare 2026.

 

СКОКОТ

Жан-Батист Шанделје, Франција, 2025, 4′

Потопување во сонувачкиот свет на Жан-Батист Шанделје: голем скок што го разголува и открива зошто лета.
Награда: Icare du vol libre, Coupe Icare 2025

 

ФЕСТИВАЛОТ СЕ РЕАЛИЗИРА СО ГЛАВНА ПОДДРШКА ОД

ПОДДРЖУВАЧИ И ПАРТНЕРИ

Член на: