Вести

Марина Коптева: Качување на големи карпи - женска перспектива

Украинската алпинистка Марина Коптева, која во моментов живее и студира во Шпанија, ќе ни ги претстави нејзините силни искачувања на големи карпи во Азија, најчесто изведени во мал женски тим!

Марина е родена во 1981 година, почнува да качува на 19-годишна возраст, а меѓу другото ќе ни ги претстави нејзините искуства за:

- првото повторување на насока на Амин Брак (5850мнв / насока со 1250м вертикала и тежини A3, 6A);
- новата насока на Големата Транго кула во Пакистан (За искачувањето на Големата Транго кула (6238мнв), преку насока со тежини VI+ 6b A3, качувајќи ги вертикалните 2580 метри за 38 дена – Марина и нејзините две колешки таа година го добија престижниот Руски Златен цепин и признанието „Карл Унтеркирхер“);
- новата насока на Каџо-Ри (6186мнв/28 должини, тежини: VI M6 90°) во Непал;
- новата насока на Тенгкангпоче (6487мнв / 1900 метри вертикала со тежини VI 6b A2) во Непал;
- нова насока на Златниот Стражар (5200мнв/насока со 900м вертикала и тежини VI A2/A3) во Кашмир (Индија);
- експедиција во Сичуан во Кина итн.

За гостувањето на Марина во Скопје, изразуваме голема благодарност за силната поддршка од вршител на должност амбасадор на Украина, Ростислав Палагусинец, МултиКоп Консалтинг и Hi-Skopje хостелот!

Партнери

Поддржано од

Член на: