Вести

Жирито за Конкурсот за најдобра планинска фотографија

Алесио Ликуори е италијански дипломат кој живее во Скопје од јануари 2017 година. Тој е член на Италијанскиот алпинистички клуб од 2004 година, каде што е Претседател на Регионалната комисија за планинска животна средина во Рим и инструктор во Училиштето за планинарење. Ужива во планинарење, алпинизам, качување на карпа и мраз и планински велосипедизам. Во 2017 година, стана член на Македонската алпинистичка федерација. Тој исто така е и аматер фотограф, подеднакво активен и во филмска и дигитална форма. Без посебни артистички претензии, некои од неговите фотографии се достапни преку следните линкови: https://www.flickr.com/photos/110391080@N03/ и https://www.instagram.com/li_cuori/

Димитар Петровски е професионален фотограф од Скопје, кој работи во областа на модната, портретната и комерцијалната фотографија. Љубовта кон фотографијата ја развива уште од средношколските денови, а во 2007 година, заедно со тогашната девојка, а сегашна сопруга, Андријана, го формираат брендот "Ани Дими". Под тоа име во изминатите десет години создадоа репутација на врвни професионалци во полето на фотографијата. Зад себе имаат бројни насловни страници за домашните списанија, соработки со најпопуларните модни дизајнери, пејачи, актери како и проекти - како фотографирањето на календарот Пелистерка за 2016 година. Освен што е опседнат со сите работи поврзани со фотографијата, Димитар е голем вљубеник во планинарењето и алпинизмот.

Дарко Андоновски со аматерска фотографија се занимава од 1978 година, а професионално од 2001година. Работел како фоторепортер и уредник на фотографија во дневните весници Македонија денес, Нова Македонија и Вечер, како и во неделникот Денес. Учествувал на повеќе групни изложби во земјата и во странство, а добитник е и на наградата „Живко Јаневски“ за најдобра фотографија во 2005 година на конкурсот на здружението на фоторепортерите на Македонија и наградата за најдобра фотоприказна на истиот конкурс. Во моментов е вработен како фоторепортер во дневниот весник Нова Македонија.

Партнери

Поддржано од

Член на: