Вести

Жирито на Фестивалот на планински филм Ехо - 2018

 Сашко Потер Мицевски е независен филмаџија, роден во Штип на 28 мај 1990 година.  Во 2008 год. ги започнува дипломските студии на катедрата за Филмска и ТВ монтажа, на Факултет за Драмски Уметности во класата на проф. Димитар Грбевски, при универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Неговиот дипломски филм, документарецот (Вон)земјанинот Ли доби огромно медиумско внимание и публика која сеуште секојдневно ја шири популарноста на филмот. По дипломирањето, Сашко стекнува искуство како монтажер на звук во студиото Аудиохаус. Како монтажер на звук тој работи на повеќе краткометражни и долгометражни филмови вклучувајки ги Соба со Пијано, До Балчак, Три Дена во Септември, Три Прозорци и Бесилка, Херој, Agnus Dei итн. Неговата кариера добива друга насока со започувањето на неговите постдипломски студии на катедра за дизајн на звук во Англија на престижната National Film and Television School (неколку години по ред рангирана за најдобра интернационална филмска школа во светот според Hollywood Reporter). За време на неговите студии работи на кратки филмови како The Proposal (премиера на Encounters Short film festival) и A Song For our Fathers (премиера на London Short Film festival). Како дел од неговиот магистерски труд е неговата работа на звукот на филмот Tete-a-Tete што ја имаше својата премиера на најзначајниот фестивал за анимирани филмови во Annecy во Франција. Филмот исто така беше во полуфинале за студентските Оскари во Лос Анџелес и за BAFTA LA. По неговото магистрирање активно работи како независен филмаџија во Англија и Македонија. Дел од неговите последни проекти се неколку документарни филмови за BBC (Handmade in Hull, документарната серија Danceworks) и Guardian и монтажа на првата сезона на ТВ серијата Преспав. Неодамна беше дел од тимот за дизајн на звук како асистент на монтажа на звук на блокбастер филмовите Mowgli, Sherlock Gnomes и Fantastic Beasts 2: The Crimes of Grindelwald.Моментално е во постпродукција на неговиот втор авторски документарен филм со работен наслов Сите ќе умреме и на постпродукција на трета сезона на ТВ серијата Преспав.

Атанас Георгиев / Продуцент / Монтажер / Режисер
Роден во 1977 години во Скопје, Македонија, во тоа време Југославија. Сопственик е на Трис Филмс и Филм Трик Продакшн, македонски компании, подружници и асоцијации на fx3x.comТој работи и заработува како монтажер на играни филмови, но ги троши своите пари на документарци во кои тој верува. Неговиот дебитански филм Кеш и Мери, што го чинеше многу години напорна работа и белодробна емболија, освои многу меѓународни награди и признанија. Филмови: Honeyland 2019, документарец, 85 минути (продукција, монтажа) , Avec l’amour 2017, документарец 67 минути (продукција, монтажа), Cash & Marry 2009, документарец 76 минути documentary 76 min (ко-продукција, режија)

 Тамара Котевска е родена на 9ти Август 1993 година во Прилеп, Македонија.Таа ја добива интернационалната наградата “Најдобар балкански филм” во официјалната селекција на фестивалот за документарен филм во Тирана за дипломскиот документарец “СТУДАНТС” (49’), поддржан од “Filmtrick” и “Факултетот за драмски уметности - Скопје” (како сценарист и режисер). Со првиот професионален еколошки документарец “Езеро од јаболки”(27’), поддржан од УНДП (како сценарист и ко-режисер) ги добива наградаите: “Festival National Nature Namur” во Франција - “Prix de l'environnement”(2017), “Honorable mention” на  “INNSBRUCK FILM FESTIVAL” во Австрија (2017), “PERSEUS” награда на  “T-Festival” во Брно, Чешка(2017). Моментално работи на документарецот “Земја на пчелите” (како ко-сценарист и ко-режисер). “Земја на пчелите” ја доби “Cinelink Work in Progress”: “TRT award” од 30.000 евра од Националната Турска Телевизија за документарец во снимање на “Sarajevo film festival” (2017) и доби поддршка од 50.000 евра од Македонска Агенција за Филм (2017) за дебитантски долг документарец. 

Партнери

Медиуми