Вести

Жирито за Конкурсот за најдобра планинска фотографија

Алесио Ликуори е италијански дипломат кој живее во Скопје од јануари 2017 година. Тој е член на Италијанскиот алпинистички клуб од 2004 година, каде што е Претседател на Регионалната комисија за планинска животна средина во Рим и инструктор во Училиштето за планинарење. Ужива во планинарење, алпинизам, качување на карпа и мраз и планински велосипедизам. Во 2017 година, стана член на Македонската алпинистичка федерација. Тој исто така е и аматер фотограф, подеднакво активен и во филмска и дигитална форма. Без посебни артистички претензии, некои од неговите фотографии се достапни преку следните линкови: https://www.flickr.com/photos/110391080@N03/ и https://www.instagram.com/li_cuori/

Дарко Андоновски со аматерска фотографија се занимава од 1978 година, а професионално од 2001година. Работел како фоторепортер и уредник на фотографија во дневните весници Македонија денес, Нова Македонија и Вечер, како и во неделникот Денес. Учествувал на повеќе групни изложби во земјата и во странство, а добитник е и на наградата „Живко Јаневски“ за најдобра фотографија во 2005 година на конкурсот на здружението на фоторепортерите на Македонија и наградата за најдобра фотоприказна на истиот конкурс. Во моментов е вработен како фоторепортер во дневниот весник Нова Македонија.

Васе Аманито (1981г.) повеќе од 20 години работи во полето на визуелни уметности, а во последните 10 години главен домен му е фотографијата. Црпи инспирација од работите околу себе и постојано е во потрага по нови искуства и предизвици. Голем вљубеник во форми и структури, па оттаму архитектонската фотографија му е во главен фокус. Покрај фотографирање на разни комерцијални авторски проекти на архитектонски бироа, се јавува како фотограф на неколку истражувачки архитектонски проекти и изложби како „Скопските Вертикали“, „Модернистичка мапа на град Скопје“ и др.
 

Партнери

Медиуми