Вести

Конкурс "Најдобро кратко видео" на ЕХО '19

Ехо Фестивал на Планински Филм 2019 заедно со Prosport Skopje организира КОНКУРС ЗА НАЈДОБРО КРАТКО ВИДЕО на јубилејното 10то фестивалско издание кое ќе се одржи од 28ми Октомври до 1ви Ноември 2019та. Конечно доаѓа времето кога треба да ја искористите вашата креативност и снимен материјал и да аплицирате на овој конкурс, и да се обидете да ја добиете камерата GoPro. Потребно е вашиот веќе снимен материјал да го истурите во програма за монтирaње, да смислете приказна односно сценарио и да следите претходно замислен тек, да смислите наслов, вовед и одјава на материјалот, посолете и мешајте со музика, може по избор да се додаде и малку текст или снимен говор во зависност од вкусот кој го имате. Да се сервира во форма на краток филм/видео од 1 минута па се до 5 минути за големи и гладни гурмани, количината кај овој специјалитет не е важна, туку содржината и квалитетот на сервираното. Крајниот рок за пријавување на зготвениот материјал е до 25ти Октомври 2019 година. Од сите пријавени видеа, ќе бидат селектирани дел од најдобрите кои ќе влезат во финалето и ќе бидат проектирани за време на фестивалските вечери а од страна на официјалното жири, последната вечер на 1ви Ноември ќе биде прогласен победникот. Фестивалот ЕХО не е обврзан да ги прикаже сите видеа. Prosport Skopje се погрижи и овој пат победникот да си отиде дома со една нова камера GoPRO. Пријавување и повеќе информации на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Конкурирање: Конкурсот е отворен само за жители на Република Македонија. Eден автор може да конкурира со повеќе видеа, но само со едно кратко видео да учествува во потесниот избор за награда и проекција во кино за време на фестивалските денови, и својата апликација треба да ја достави преку официјалниот е-маил на Ехо за таа намена: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Апликација: Покрај краткиот филм, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на краткиот филм, а по желба на авторот - и краток опис за краткиот филм со кој аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум кои би послужиле за подобро запознавање на публиката на ЕХО со неговата работа. Филмот препорачливо е да биде испратен преку канали како: FTP server, wetransfer, dropbox, google drive.. Тек на конкурсот: Од сите апликации ќе се одберат најдобрите и дел од тие ќе бидат проектирани за време на фестивалот. Од нив официјалното жири на фестивалот ЕХО ќе го прогласи победникот. Забелешка: Ќе бидат земени во предвид само апликациите кои претходно не учествувале на други конкурси и за кои авторот ги поседува сите права. Авторот, со својата апликација, му дава право на Фестивалот за планински филмови „ЕХО“, да располага со краткиот филм и да го користи за објавување на Фејсбук профилот, youtube и vimeo каналот, сајтот на Фестивалот и други социјални медиуми, при објава на нови конкурси и разни други свои маркетинг цели. — with Prosport Skopje.

Партнери