Вести

Жири за најдобар еколошки филм на Ехо 2019

За прв пат во рамките на филмската програма на Ехо Фестивалот за планински филмови, ќе имаме категорија за најдобар еколошки филм.Честа да ги селектираат и оценуваат најдобрите Еколошки филмови во конкуренција од пријавени 46 филмови, и одбрани 8 финалисти кои воедно ќе бидат прикажани за време на 10тото издание на фестивалот ЕХО ќе бидат членовите на Македонското Еколошко друштво и долготрајни пријатели на фестивалот:   

Данка Узунова, Македонско еколошко друштво
Израсната во Гевгелија. Од мали нозе покажува интерес за природата, кој продолжува во студии по екологија и професионално истражување на птици. Преку 10 години работи во Македонско еколошко друштво, каде директно придонесува за развојот на орнитологијата (наука за истражување птици) во Македонија. Нејзин најзначаен придонес е подобрување на познавањето на презимувачките водни птици во Македонија и во развојот на Вториот европски атлас на птици гнездилки. Моментално, таа е претставник на координаторите за зимско пребројување на водни птици на територијата на Западен Палеарктик.

Александар Павлов, проектен асистент во Македонското еколошко друштво
Александар Павлов е роден во 1986 година во Скопје. По образование е лингвист и биолог. Има долгогодишно искуство како преведувач и толкувач од англиски јазик и обратно. Од 2018 година работи во Македонското еколошко друштво на Програмата за закрепнување на балканскиот рис. Низ своите професионални активности тој се бори за овој редок подвид преку едукација во основните училишта и заложби за прогласување заштитени подрачја во земјата. Честопати е во природа, каде врши теренски истражувања на крупни месојадни животни и ситни цицачи, а се вклучува и во останатите активности на Друштвото.   

Фросина Пандурска-Драмиќанин
, проектен координатор во Македонско еколошко друштво
Фросина Пандурска-Драмиќанин е магистер по социолошки науки на Институтот за Социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Има 
големо искуство како лице за односи со јавност и
работела на повеќе национални и регионални проекти како ПР. За време на нејзиното работење како новинар во Алсат-м и МИА во периодот од 2007-2011 има добиено 5 новинарски награди од меѓународни организации на повеќе различни теми (климатски промени, заштита на диви видови, сиромаштија и културен соживот). Во Македонско еколошко друштво работи на проекти од 2011 година во тимот за комуникации и Програмата „Луѓе и Природа“. Нејзиниот ангажман се однесува на активности поврзани со комуникација, истражување за користење на природните ресурси, подигнување на јавна свест и едукација за прашања поврзани со заштита на природа во постоечки или идни заштитени подрачја. Од 2015 година е член на платформата Пријатели на Шара, формирана со мисија идно прогласување на Шар Планина за национален парк.



Партнери