Вести

Презентација на Македонско Еколошко Друштво

Промоција на видео и презентација - "Осогово и лично и различно", Деспина Китанова, Macedonian Ecological Society

Погледнете го видеото кое прикажува дел од значајните видови на биолошката разновидност на Осоговските Планини и во кое се истакнати видови кои се најдени само на оваа планина, но и дел од видовите со европско и меѓународно значење!Во текот на снимањето посетени се повеќе од 25 локации на Осоговските Планини и опфатени се различни шумски комплекси, речни екосистеми, автентични високопланински предели, а претставена е и карактеристичната интеракција на луѓето со природата на оваа планина и локалното природното и културното наследство.Видеото е изработено во рамки на кампањата за прогласување на дел од Осоговските Планини како идно заштитено подрачје во категорија заштитен предел, а како дел од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија.По проекцијата на видеото, свое обраќање ќе имаат претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Швајцарска Агенција за развој и соработка (SDC) и Македонско еколошко друштво (МЕД), кои ќе се осврнат на богатиот биодиверзитет на Осоговските Планини, како и значењето на нивното прогласување во категоријата заштитен предел.

Времетраење на видеото: 8,56 минути

Продукција: Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија.

Партнери