Вести

Жири на конкурсот за најдобра планинска фотографија

Горан Кузмановски е роден во 1982 година во Битола, Горан дипломира електроника и е татко на Доријан и Тара. Тој започнува со скијање и качување уште на мала воzраст, кога станува член и на македонскиот национален тим во алпско скијање. На 15-годишна возраст, тој станува многу посветен на планинарството, вклучувајќи го секако и качувањето во зимски услови.
2000 - ја открива фотографијата и таа станува негова голема пасија, земајќи учество при тоа, но и победувајќи на повеќе меѓународни конкурси по фотографија,
2002 - започнува со качување на карпа и алпинизам, искачувајќи околу 40 нови насоки, од кои неколку во зимски услови,
2004 - го формира качувачкиот клуб Вертикал, каде ги споделува своите вештини и искуство, со нови генерации качувачи,
2006 - станува инструктор и поставувач на насоки по спортско качување, отворајќи 30 спортски насоки,
2007 - започнува да работи во компанијата Макпетрол, во ИТ секторот,
2008 - зачетоци во видео продукција,
2012 - започнува да се занимава со парагјладерство,
2015 - официјален фотограф за параглајдинг компанијата ИКАРО,
2018 - официјален фотограф за германската компанија Адвенчр ГМБХ.

Александар Дончев е роден во Струмица и завршил уметничка и применета фотографија на Националната академија за театар и филмска уметност во Софија, Бугарија. Александар е автор на 15тина самостојни изложби на фотографии, кај нас и во странство и е автор на книгата со фотграфии МОНОС. Исто така тој е соработник и објавува репортажи од време на време во списанието Премин. Александар од 2003 година е управител и сопственик на рекламната агенција ЕПП Студио и има работено како фотограф, арт директор и камерман на безброј рекламни кампањи кај нас, но и во Швајцарија, Грција, Бугарија, Холандија... Со алпинизам се занимава од 1995 година.

Алесио Ликуори е италијански дипломат кој живее во Скопје од јануари 2017 година. Тој е член на Италијанскиот алпинистички клуб од 2004 година, каде што е Претседател на Регионалната комисија за планинска животна средина во Рим и инструктор во Училиштето за планинарење. Ужива во планинарење, алпинизам, качување на карпа и мраз и планински велосипедизам. Во 2017 година, стана член на Македонската алпинистичка федерација. Тој исто така е и аматер фотограф, подеднакво активен и во филмска и дигитална форма. Без посебни артистички претензии, некои од неговите фотографии се достапни преку следните линкови: https://www.flickr.com/photos/110391080@N03/ и https://www.instagram.com/li_cuori/

Партнери

Поддржано од

Член на: