Вести

Жири за најдобар еколошки филм

За втор пат во рамките на филмската програма на Ехо Фестивалот за планински филмови, ќе имаме категорија за најдобар еколошки филм. Честа да ги селектираат и оценуваат најдобрите Еколошки филмови време на 11тото издание на фестивалот ЕХО ќе бидат членовите на Македонското Еколошко друштво и долготрајни пријатели на фестивалот:   

Данка Узунова, Македонско еколошко друштво
Израсната во Гевгелија. Од мали нозе покажува интерес за природата, кој продолжува во студии по екологија и професионално истражување на птици. Преку 10 години работи во Македонско еколошко друштво, каде директно придонесува за развојот на орнитологијата (наука за истражување птици) во Македонија. Нејзин најзначаен придонес е подобрување на познавањето на презимувачките водни птици во Македонија и во развојот на Вториот европски атлас на птици гнездилки. Моментално, таа е претставник на координаторите за зимско пребројување на водни птици на територијата на Западен Палеарктик.

Александар Павлов, проектен асистент во Македонското еколошко друштво
Александар Павлов е роден во 1986 година во Скопје. По образование е лингвист и биолог. Има долгогодишно искуство како преведувач и толкувач од англиски јазик и обратно. Од 2018 година работи во Македонското еколошко друштво на Програмата за закрепнување на балканскиот рис. Низ своите професионални активности тој се бори за овој редок подвид преку едукација во основните училишта и заложби за прогласување заштитени подрачја во земјата. Честопати е во природа, каде врши теренски истражувања на крупни месојадни животни и ситни цицачи, а се вклучува и во останатите активности на Друштвото.   

Славе Накев
е роден во Радовиш во 1994 година и неговата пасија за птиците и биодиверзитетот се развила во професија, иако по образование е компјутерски инженер. Од 2013 година е дел од тимот на Македонско Еколошко Друштво каде што главниот фокус на неговото делување се песнопојните птици како и компјутерски ГИС (Географски Информациони Системи) анализи. Ваквата работа налага многу теренски истражувања во природа каде што можеш многу да научиш од животните и растенијата кои што не опкружуваат.

Партнери