Вести

Филмско жири на ЕХО 2021

Ви ги претставуваме членовите на жирито, кое ќе ги прогласи победниците од филмската програма во повеќето натпреварувачки категории од овогодинешното издание на ЕХО:

Горан Илија Tрпчевски роден во Скопје, Република Македонија.
По завршувањето на основното и средното образование, во периодот од 1990 до 1996 година интензивно се занимава со фотографија и телевизиско снимање. Најнапред како камерман во Македонската телевизија, а од 1994 како телевизиски снимател во телевизија Сител.
Факултетот за драмски уметности – ФДУ во Скопје, на одделот за Филмска и ТВ камера, го завршува во 2000 година, по што и работи како асистент на одделот за Филмско и ТВ снимање, а од Септември 2010 година како Доцент по Филмско и ТВ
снимање и Фотографија.
Во Мај 2010 година одбранува Магистерскиот труд на ФДУ во Белград, Р. Србија и се здобива со академски назив »Дипломиран теоретичар од втор степен на дипломските академски студии од областа на теоријата на драмските уметности и медиуми – МАСТЕР«
Во Септември 2011 година е избран во Вонреден професор по предметите Филмско и ТВ снимање и Фотографија.
Помеѓу 2011 до 2015 година е назначен за Продекан на УКИМ Факултетот за драмски уметности во Скопје, а од Октомври 2013 година до денес е раководител на катедрата за Филмско и ТВ снимање. Од Септември 2019 година повторно е назначен
за Продекан за настава на УКИМ Факултетот за драмски уметности – Скопје, а за целиот минат период активно ги држи предметите Филмско и ТВ снимање и Фотографија.
Редовно учествува на меѓународно научно уметнички конференции, меѓународни филмски фестивали, член на жири на меѓународни фестивали на документарен филм, комисии за одбрана на дипломски и магистерски трудови, како и
работа како кинематограф на повеќе од 25 документарни и кратки играни филмови, како и продуцент на 3 кратки играни филма.
Последно и не помалку важно, тој е голем љубител на планините, планинарењето т.е. на природата воопшто во сите годишни времиња. Со алпинизам и качување на карпа почнува да се занимава во 2018 година, а од поважните искачувања го издвојува искачувањето на врвот Очњак на Проклетије, Црна Гора во Септември 2018 година, по Јужниот гребен во алпинистички стил со Благој Миленков и Данчо Марковски.

Сергеј Ѓеоргиев е филсмки режисер од Скопје, Република Македонија.
Ги започнува своите студии на Универзитет за аудиовизуелни уметности - Европска филмска, театарска и танцова академија ЕФТА (Скопје-Париз-Есен-Ротердам) во Скопје, а ги завршува во Франција, но сеуште си ја нема земено дипломата.
По студиите работи како асистент режисер на многу Македонски и неколку странски филмови.
За малку не отиде на оскарите во 2020 со колегите од Медена Земја, но затоа го отвори Меѓународниот Фестивал на планински филм ЕХО неколку месеци претходно и тоа со документарниот филм “Via Dinarica - The Macedonian Adventure”, филм на кој што е потпишан како режисер, сценарист и монтажер.
„Јас не сум Игор“ е уште едно филмско дело каде што Сергеј повторно се појавува како режисер и сценарист.

Алберто Ости Гераци е роден во Пиза, Тоскана (Италија) во 1960 година, но живee во Рим до 2020 година, од кога со сопругата се сели на село. Вегетаријанец e скоро 20 години.
Првиот важен спорт беше веслањето, и тој беше Италијански шампион до 18 години во 1976 година!
Отсекогаш ја сака природата, потоа ги откри планините, на почетокот планинарење, потоа скијање и качување. Правејќи го ова, бил на Алпите, Пиринеите, Мароко, Балканот (Македонија и Грција), Турција.
Планините станаа силна страст, и тој се сега се обидува и да заработи за живот покрај неговата пасија.
Во 1998 година станува партнер на една мала издавачка куќа, Edizioni il Lupo (the Wolf editions), - Едизиони ил Лупо (изданија на Волкот), специјализирана за издавање на водичи на планински патеки и мапи и карти за Централна Италија.
За Ил Лупо објави некои книги, најважната беше водич за 2000 -тите години на Централна Италија. Мапите и книгите за патеки во планина се добри, но исто така сака да чита и да раскажува приказни за планините. Така, во 2019 година со еден пријател, Алберто Шампликоти, го основа Edizioni del Gran Sasso - Едизиони дел Гран Сасо (Гран Сасо е највисокиот врв на полуостровот Италија), за да објавуваат книги што зборуваат за планини, авантури и патувања. Во првите 2 години од постоењето, објавуваат 11 книги, од кои едната е напишана од самиот тој, општа историја на патување и откривање.
Многу други книги се во плановите на Edizioni del Gran Sasso во следните 2 години.
Тој е исто така член на здружението на алпинисти на Гран Сасо и дел во жирито на книжевната награда промовирана од здружението во последните две изданија. Заедно со планините, негови страсти се историјата и патувањата.
Омилено јадење му е пицата, која се обидува да ја вкуси во секоја земја што ја посетува, понекогаш имајќи големи изненадувања.
Оженет и има ќерка од 29 години и син од 27 години.

Партнери

Поддржано од

Член на: