Вести

„Одисејата на египетскиот мршојадец“ - Ксенија Путилин Стамкоска

„Одисејата на египетскиот мршојадец“ - Ксенија Путилин Стамкоска

Македонското еколошко друштво секогаш многу вредно на ЕХО.
Оваа година, веќе најавивме - ќе организираат две интересни презентации, потоа нивни членови се дел од жирито за најдобар еколошки филм (наскоро ќе ги претставиме), но учествуваат и со работилница-презентација за деца.

Презентацијата е наменета за сите возрасти на деца (постари од 6 години), а опфаќа основни информации за животот на египетскиот мршојадец и начините на кои можеме да го спречиме неговото исчезнување.

По презентацијата следи играта, кој е еден вид на "shoots and ladders", односно игра на табла со коцки и полиња, на кои може да се пресретнат предизвици и среќни околности. Играта е за деца од сите возрасти, постари од 6 години.

Повеќе инфо за работилницата за деца:
Термин на одржување: 21ви септември (среда), 17 часот, МКЦ
Возраст: 6+ годишна возраст
Пријавување на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Работилницата е со ограничен број на учесници.
Прв пријавен - прв примен.

Партнери

Поддржано од

Член на: