Вести

"Вертикални моменти" - Презентација на фотографот и режисер Руслан Вакрилов

Предавање за качувачка фотографија "Вертикални Моменти" // Изложба на фотографии - "Опашката на змејот, Патагонија 2016" (Dragon's Tail Expedition, Patagonia 2015-2016)

Бугарскиот режисер и фотограф Руслан Вакрилов ќе ни ја прикаже презентацијата наречена Вертикални моменти во која ќе опфати како започнал да се занимава со фотографија во качувањето, како ги одбира и кои моменти се за него важни да ги опфати, како се подготвува и со кои техники се справува за да биде истовремено и фотограф и алпинист кој качува на една експедиција.

Воедно за време на фестивалот во фоајето на кино Фросина на горниот кат ќе биде изложена изложба со фотографии од Руслан Вакрилов и која ја опфаќа експедицијата "Опашката на змејот - Патагонија 2016" . Изложбата ќе биде составена од 30 фотографии кои ни го доловуваат двомесечниот престој на тимот во срцето на Патагониските Анди. Фотографиите кои што ќе ги видите се направени за време на качувањето, приодите, чекањето на убаво време.. и конечно успешното искачување на прекрасниот Серо Торе од страна на Виктор Варошкин и Мартин Маровски.

 

 

Партнери

Поддржано од

Член на: