Вести

Жири за категоријата „Најдобар еколошки филм“

Категоријата „Најдобар еколошки филм“ ја имаме петтагодина по ред. Нескриено восхитени од богатата работа на Македонското еколошко друштво, нескриено и се радуваме што продолжуваат да бидат наш партнер во повеќе програмски елементи на нашиот фестивал, па така повторно и во натпреварувачкиот сегмент, при што нивни членови се жири за категоријата „Најдобар еколошки филм“.

Членовите на жирито:
Данка Узунова е израсната во Гевгелија. Од мали нозе покажува интерес за
природата, кој продолжува во студии по екологија и професионално истражување
на птици. Преку 10 години работи во Македонско еколошко друштво, каде
директно придонесува за развојот на орнитологијата (наука за истражување птици)
во Македонија. Нејзин најзначаен придонес е подобрување на познавањето на
презимувачките водни птици во Македонија и во развојот на Вториот европски
атлас на птици гнездилки. Моментално, таа е претставник на координаторите за
зимско пребројување на водни птици на територијата на Западен Палеарктик.
-
Александар Павлов е роден во 1986 година во Скопје. По образование е лингвист
и биолог и е проектен асистент во Македонското еколошко друштво. Има
долгогодишно искуство како преведувач и толкувач од англиски јазик и обратно.
Од 2018 година работи во Македонското еколошко друштво (МЕД/MES) на
Програмата за закрепнување на балканскиот рис. Низ своите професионални
активности тој се бори за овој редок подвид преку едукација во основните
училишта и заложби за прогласување заштитени подрачја во земјата. Честопати е
во природа, каде врши теренски истражувања на крупни месојадни животни и
ситни цицачи, а се вклучува и во останатите активности на Друштвото.
-
Арта Старова работи во Македонско еколошко друштво како проектен асистент од
2020 година. Моментално работи на проект против труење на дивите животни со
фокус на заштита на мршојадците во државата и проект за одржлив развој во
регионот Шара/Кораб-Коритник. Старова има дипломирано на екологија,
социологија и социјална географија во Холандија.
-
Ребека Вељановска работи во Македонско еколошко друштво од 2020 година во
секторот за политики за заштита на природата и животната средина. Нејзиниот
фокус е зелена инфраструктура- планирањетo и поврзувањето меѓу заштитените
подрачја. Има магистрирано на филозофија на литература на Универзитетот на
Лајден и дипломирано на Универзитетскиот колеџ Рузвелт во Холандија.

Партнери

Поддржано од

Член на: