
Приказна за авантурите на режисер кој работи во екстремни услови: високо во планините или длабоко во морето.
Елиза, преку фрагменти од нејзините наградувани филмови на многу меѓународни фестивали, ќе не' понесе на места далеку од цивилизацијата: од ледените пејзажи во Гренланд, тиркизните мориња на Борнео, до највисоките планини во светот - Каракорум и Хималаите. Тоа што ги поврзува овие локалитети се универзалните приказни за луѓето, нивните емоции и нивната длабока врска со природата.
Елиза исто така ќе зборува за предизвиците во работата во такви изолирани средини, често на јазик кој не го знаете и каде најмалиот дефект на филмската опрема може да значи крај на снимањето.
Елиза Кубарска дипломира на Академијата за визуелни уметности и Филмското училиште Вајда во Варшава. Нејзините филмови добиваат признанија и се наградувани на бројни меѓународни фестивали, а само нејзиниот последен филм „Ѕид од сенки“ победи на повеќе од 30 фестивали. Како качувач, таа учествува на повеќе експедиции заедно со Давид Кажликовски - алпинист и фотограф - на Гренланд, во Каракорум, Висок Атлас во Мароко, како и региони во Југо-источна Азика и Западна Африка. Заедно имаат искачено повеќе нови насоки на поголеми планински страни.

Елиза Кубарска е гостин на Ехо и во Македонија, со поддршка на Амбасадата на Полска.