Вести

Едукативна работилница за деца: „Заштита на пештери и лилјаци“

Едукативна работилница за деца: „Заштита на пештери и лилјаци“ ❤️
.
Истражувачкото друштво Урсус спелеос и оваа година, за време на ЕХО - им ја приближува спелеологијата, пештерите и лилјаците, на најмладите.

За време на средбата со децата ќе бидат организирани:

?1. Информативен штанд со опрема: децата ќе имаат можност да се запознаат со комплетната спелеолошка опрема (индивидуална и колективна - како шлемови, комбинезони, јажиња, карабинери, лампи итн) за истражување и безбедна посета на пештери. Но, исто така ќе имаат можност и да пробаат дел од нејзе, да облечат појас, да стават шлем на глава итн;

?2. Работилница за заштита на пештери и лилјаци наменета за возраст на деца од градинка и основно училиште - Обучените едукатори за реализација на вакви едуактивни работилници, преку интерактивен пристап, поточно користење на работа во група, сложувалки, цртање итн, ги едуцираат учесниците за пештерите (карст, пештери во Македонија, спелеологија, опрема, пештерски украси) и за лилјаците (каде живеат, што јадат, каде може да се најдат итн) и како да ги заштитиме истите. Дополнително, во рамките на едуактивната работилница, заедно со едукаторите, децата ќе имаат можност да играат 2 интерактивни (Board) игри, поточно „Горе доле по Галичица“ и „Жабче“.

? Повеќе инфо за работилницата за деца:
Термин на одржување: 25ти октомври (среда), 18 часот, МКЦ
Возраст: 6+ годишна возраст

? Пријавување на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Работилницата е со ограничен број на учесници.
Прв пријавен - прв примен.

Партнери

Поддржано од

Член на: