Вести

Автостоперски Водич за Креирање на Планински Документарни Филмови

Филмска работилница
Автостоперски Водич за Креирање на Планински Документарни Филмови

Отворена, едукативна и интерактивна дискусија за процесите на снимање и продукција на планински документарни филмови, со цел да инспирира и поттикне млада публика да ги документира своите активности во природа во филмски формат.
Оваа ќе биде прва од неколкуте сесии кои ќе следат и ќе претставува вовед во подолг процес на работа во групи и запознавање со целиот процес на продукција на документарен филм, од идеа до реализација. Краен производ треба да бидат комплетни кратки документарни филмови, под менторство на искусни филмски работници.
Сесиите ќе ги водат:
- Илија Тирицовски – Филмски и ТВ Продуцент
- Игор Христов – Филмски Режисер

Пријавување на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Партнери

Поддржано од

Член на: