Вести

Генерално собрание на IAMF во Скопје во рамки на ЕХО 2023

Нашиот фестивал е еден од најмладите членови на Меѓународната Алијанса за Планински Филм - алијанса која здружува околу 30 фестивали на планински филм, но и музеј: Националниот планински музеј од Торино.

Инспиративно и поучно е да се биде во друштво кое има членови со повеќедецениска вредна работа зад себе, друштво со вредни луѓе посветени на промоција на планинската култура - од кои може многу да се учи.

Ни беше чест да бидеме домаќини на Годишното собрание во втората половина на годинава - за време на нашиот фестивал и средбата со овие луѓе дополнително не' инспирираше да бидеме уште повредни во нашите следни изданија.

На собранието, некои фестивали беа претставени со свои директни претставници, некои преку почесен член на Алијансата, а некои и „виртуелно“.

Благодариме за поддршката на Амбасадата на Република Италија за организацијата на ова собрание во прекрасниот Даут Пашин Амам, но и за одличното гостопримство на оваа институција.

Партнери

Поддржано од

Член на: