Вести

"Нагоре & Надоле" - Презентација на алпинистot Борис Лоренчич

На 7мото издание на ЕХО, во делот со презентациите ќе доминираат алпинисти. Веќе ги најавивме тројцата Бугарски алпинисти и нивното силно искачување на Патагонија. А сега и нова најава, наш гостин оваа година ќе биде и Словенечкиот алпинист Борис Лоренчич (Boris Lorenčič Lori) во презентацијата "Нагоре & Надоле" ќе ги опфати неговите почетоци во 80тите, како и експедииците на кои учествувал ширум светот до денешен ден.

За него не е важна само целта, туку и начинот на кој таа ќе биде достигната. Поради тоа повеќето негови искачувања се направено во слободен алпинистички стил и секогаш без користење на дополнителен кислород. Борис е добитник на признанието Златен Цепин за искачувањето на северо-западниот столб на Чомолари(7326) во Тибет, заедно со Марко Презељ.

Повеќе за него и неговите искачување тука......

Борис Лоренчич е роден 19ти јануари 1970 и живее во Марибор со својата сопруга Наталија и две деца. Словенија е мала земја, но полна со разноликост, а поради тоа и одлична за секаков вид на активности во природа. Највисоката плнаина во Словенија е Триглав. Висока само 2863 метри, сепак со својата северна страна која е висока 1000м и широка 4000м таа е една од најважните за алпинистите во таа земја. Борис е активен во планините уште од својата 15та година, но во последните 30 години алпинизмот, скијањето и качувањето се неговиот начин на живот. Во текот на овие години тој има реализирано бројни искачувања и учествувано во многу експедиции во целиот свет. Доломитите и Алпите му се на дофат и таму има направено многу искачувања на тешки страни и по тешки насоки. Тој исто така има качувано и во Северна Америка (Јосемити, Ред рокс, Џошуа), на Аљаска, во Патагонија и во Хималаите.

Тој е и УИАГМ водач од 2004тата година и најчесто ги води своите клиенти во Доломитите и Алпите - планини кои многу добро ги познава.

Список на неговите експедиции:

-1996, насоката Аурора на Ел Капитен, А4.

-2006 во Патагонија:

Словачката насока по западната страна на Фицрој (2300м, 6б+, А1 во два дена),

El Mocho, Benitiers (500м, 6б, А1, четири часа),

Ag. Saint Exupery: Claro de Luna (800м, 6ц, 7часа)

-2006 во Хималаите, во Тибет:

Јангмо Гопсха, 6900м, прво искачување до врвот, 

Chomolhari, 7326м по северозападниот столб, нова насока за која искачувањето и симнувањето траеле 6 дена.

-2007 во Хималаите во Непал:

Pthibara - Pyramid Peak 7140м, нова насока по југозападната страна, но можно е и прво искачување до врвоо воопшто,

-2009 Насоката Tehuelche на Фицрој: 1300м, 6б+ / А2, прво повторување, 

-2010 во Хималаите во Индија:

Nithal Thaur 96236м) по нова насока. Очекуваното искачување на Hardeol (7151м) беше откажано бидејќи постоеше голема опасност од нестабилни блокови и одрони, 

-2011 - Himalaya, Makalu (8156м)

-2013 на Аљаска:

Југозападен гребен на Maunt Frances (5.8, 70°. 50°- 60°, 1000 m), 

Северниот кулоар на Mini Moon Flower (85°, 60°- 75°, 750 m)

Партнери

Медиуми