
Главното жири на Ехо, оваа година одлучуваше за повеќе категории. Помеѓу нив: најдобар долгометражен филм, најдобар качувачки филм, најдобар алпинистички филм, најдобар култура&природа филм и Гран При.

Oмаж и заслужен портрет на Патрик Едланже, еден од пионерите на спортското качување, најзаслужна фигура за номинирањето на искачувањето по карпи како спортска дисциплина. Преку архивски снимки од почетоците на Блонди и неговите компањони, но и директно во камера, се пропагира животната филозофија на овој спорт и генерално на сите кои го практикуваат - чувството на слобода.