
Оваа година со МЕД имаме повторно повеќеслојна соработка: од жирирање, презентации, работилници...

Една од нивните презентации годинава ќе биде на тема: пожари. Случувања кои длабоко не' погодија како држава годинава од аспект на нивна бројност, опсег... Не' болеше, се лутевме, се чувствувавме беспомошни, тажни - како ние, кои сме пасионирани вљубеници во природата и планините, но така секако и луќето кои живеат во близина или беа и директно погодени од нив, а така секако и целиот друг жив свет околу нас....
