Вести

Конкурс за најдобро кратко видео

ЕХО Фестивалот на планински филм заедно со Prosport Skopje повторно организира КОНКУРС ЗА НАЈДОБРО КРАТКО ВИДЕО на 8мото фестивалско издание кое ќе се одржи од 24-27 октомври 2017.

Потребно е вашиот веќе снимен материјал или она што сега ќе го снимите во рамки на рокот да го истурите во програма за монтирaње (постојат многу бесплатно и лесно достапни програми за монтирање видео), да смислете приказна односно сценарио и да следите претходно замислен тек, да смислите наслов, вовед и одјава на материјалот, посолете и мешајте со музика, може по избор да се додаде и малку текст или снимен говор во зависност од вкусот кој го имате. 
Да се сервира во форма на краток филм/видео од 1 минута па се до 5 минути за големи и гладни гурмани, количината кај овој специјалитет не е важна, туку содржината и квалитетот на сервираното.

Крајниот рок за пријавување на зготвениот материјал е до 15ти октомври 2017 година.

Од сите пријавени видеа, ќе бидат селектирани најдобрите кои ќе влезат во финалето и ќе бидат проектирани за време на фестивалските вечери а од страна на официјалното жири ќе биде прогласен победникот.

Фестивалот ЕХО не е обврзан да ги прикаже сите видеа.
Prosport Skopje се погрижи и овој пат победникот да си отиде дома со една нова камера GoPRO. Моделот на камерата ќе биде дополнително објавен.

Пријавување и повеќе информации на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Конкурирање:
Конкурсот е отворен само за жители на Република Македонија. Eден автор може да конкурира со повеќе видеа, но само со едно кратко видео да учествува во потесниот избор за награда и проекција во кино за време на фестивалските денови, и својата апликација треба да ја достави преку официјалниот е-маил на Ехо за таа намена: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Апликација:
Покрај краткиот филм, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на краткиот филм, а по желба на авторот - и краток опис за краткиот филм со кој аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум кои би послужиле за подобро запознавање на публиката на ЕХО со неговата работа. Филмот препорачливо е да биде испратен преку канали како: FTP server, wetransfer, dropbox, googledrive..

Тек на конкурсот: 
Од сите апликации ќе се одберат најдобрите и тие ќе бидат проектирани за време на фестивалот. Од нив официјалното жири на фестивалот ЕХО ќе го прогласи победникот.

Забелешка:
Ќе бидат земени во предвид само апликациите кои претходно не учествувале на други конкурси и за кои авторот ги поседува сите права.
Авторот, со својата апликација, му дава право на Фестивалот за планински филмови „ЕХО“, бесплатно да располага со краткиот филм и да го користи за објавување на Фејсбук профилот, youtube и vimeo каналот, сајтот на Фестивалот и други социјални медиуми, при објава на нови конкурси и разни други свои маркетинг и комерцијални цели.

Партнери

Медиуми