„Алпинистички воини“ - Бернадет Мекдоналд

Прекрасно дело на канадската авторка Бернадет Мекдоналд, низ кое таа ни го претставува растот на словенечкиот алпинизам - во најтешките карпи и во највисоките планини. Одлична можност за подобро запознавање со плеада словенечки алпинисти, кои ги поместуваат границите на планинскиот спорт – преку прекрасен филозофски и поетичен пристап на авторката.
 
- Фасцинантно претставување на неверојатните достигнувања на алпинистите од оваа малечка словенечка нација... Од моментот кога почнав да ја читам оваа книга, не можев да ја спуштам, сѐ додека не ја прочитав целата – сер Крис Бонингтон, алпинист, автор на „Избрав да качувам“
 
- ...Читањето на овие приказни ми помага да ја задржам гордоста што му припаѓам на човечкото племе наречено качувачи. – Војтек Куртика, алпинист, автор на „Кинески махараџа“
 
- ...Одлична историја на словенечкиот алпинизам, која има течение како епска поема. – Кејти Ајвс, главен уредник на списанието „Алпинист“.
 
- ...Бернадет Мекдоналд ни покажува планински пат кој стои на рамената на џинови. – Карлос Карсолио, алпинист.
 
- ...Словенечкиот алпинизам во себе содржи пристап кон кој треба да се стремат сите качувачи. – Стив Хаус, алпинист, автор на „Отаде планината“.

Партнери

Поддржано од

Член на: