Мојот превртен свет

„Мојот превртен свет“, Елена Гоатели, Италија, 2021, 70’

Анжелика Рајнер, родена во Мерано во 1986 година, е трократна светска шампионка во качување на мраз и добива признанија за нејзините спортски квалитети – во целиот свет. Оваа качувачка од Мерано, е првата жена во нејзината фамилија која може да одлучува за самата себе и за тоа што сака да прави во својот живот. По светските титули и десет години поминати во меѓународни натпревари, доаѓа време Анжелика да ја понесе својата кариера во друг правец. Таа почнува да бара нови предизвици – со цел да се истражува себе се и да ги надмине своите најголеми стравови. Со својот партнер и тренер, Марко, таа почнува да се подготвува за најтешките насоки во светот, независно дали се на карпа или мраз, од италијанските Доломити, грчкиот остров Калимнос, „Ајронмен“ насоката во Ептинген (Швајцарија) или замрзнатите пештери и водопади во Исланд – таа се сретнува со други девојки, независно дали се или не од овој спорт, кои ја инспирираат да напредува и како спортист и како човек.

 

 
 

Поддржано од:

Спонзорирано од:

Член на: