За нас

Во организација на Алпинизам.орг, Ве покануваме да уживате во овогодинешното ЕХО, кое одекнува од планините од целиот свет.

Секојдневно, илјадници луѓе ги живеат своите радости во планините: планинарат, качуваат, скијаат, истражуваат пештери, се пуштаат со кајаци по планинските брзаци, летаат носени од планинските ветришта... Секојдневно, таа нечија силна љубов кон природата, креира приказни кои никого не оставаат рамнодушен.

Ехото создадено во тие авантури, понесено од нивната искреност и едноставност, стигнува и кај нас – нé инспирира и мотивира и ние, со уште поголем жар да ја сакаме природата, да се надминуваме и радуваме во неа, да креираме и да ги пренесуваме и ние нашите приказни и да продолжиме да ја пренесуваме таа енергија.

„Сé додека сум жив ќе ги слушам водопадите и птиците како пеат. Ќе ги слушам карпите и ќе го учам јазикот на поплавите, невремињата и лавините. Ќе се запознаам со глечерите и дивите градини и ќе се обидам да стигнам колку што поблиску можам до срцето на светот... Тоа беше мојот метод на учење: скокав од карпа на карпа, одев од поток до поток, од шума до шума. Каде ќе ме стемнеше – таму преноќував. Кога ќе откриев некое ново растение, седнував до него на минута или ден – да се запознаам подобро и да го слушнам што има да ми каже... Ги прашував карпите кои ќе ги сретнев, од каде дошле и кон каде одат...“ Џон Мјур (1838-1914)

За време на ЕХО, да скокаме и ние од карпа на карпа, да ги слушаме водопадите и птиците, да се запознаваме со растенијата и да ги учиме лекциите од природата, пренесени преку прекрасните филмски остварувања, фотографии и презентации. 

Партнери

Поддржано од

Член на: