Жири за категоријата „Најдобар еколошки филм“ на ЕХО 2025

Категоријата „Најдобар еколошки филм“ ја имаме 6-та година по ред. Нескриено восхитени од богатата работа на Македонското еколошко друштво, нескриено и се радуваме што продолжуваат да бидат наш партнер во повеќе програмски елементи на нашиот фестивал, па така повторно и во натпреварувачкиот сегмент, при што нивни членови се жири за категоријата „Најдобар еколошки филм“
Данка Узунова е израсната во Гевгелија. Од мали нозе покажува интерес за природата, кој продолжува во студии по екологија и професионално истражување на птици. Преку 10 години работи во Македонско еколошко друштво, каде директно придонесува за развојот на орнитологијата (наука за истражување птици) во Македонија. Нејзин најзначаен придонес е подобрување на познавањето на презимувачките водни птици во Македонија и во развојот на Вториот европски атлас на птици гнездилки. Моментално, таа е претставник на координаторите за зимско пребројување на водни птици на територијата на Западен Палеарктик.
-
Александар Павлов е роден во 1986 година во Скопје. По образование е лингвист и биолог и е проектен асистент во Македонското еколошко друштво. Има долгогодишно искуство како преведувач и толкувач од англиски јазик и обратно. Од 2018 година работи во Македонското еколошко друштво (МЕД/MES) на Програмата за закрепнување на балканскиот рис. Низ своите професионални активности тој се бори за овој редок подвид преку едукација во основните училишта и заложби за прогласување заштитени подрачја во земјата. Честопати е во природа, каде врши теренски истражувања на крупни месојадни животни и ситни цицачи, а се вклучува и во останатите активности на Друштвото.
-
Наталија Меловска е дел од Македонското еколошко друштво од 2007 година, работи на проекти што ги приближуваат луѓето и природата и ја штитат ретката флора.
Во последните години, нејзиниот фокус е насочен кон интеграција на концептот на екосистемски услуги на национално ниво, придонесувајќи за подобро разбирање на вредноста на природата во процесите на одлучување и креирање политики.
-
Сара Крстевска е дипломиран инженер по биологија, биохемија и физиологија. Во МЕД волонтира од 2018 до 2021 година на многу проекти кои опфаќаат заштита на различни групи организми и живеалишта, а во 2021 официјално станува дел од тимот. Работи во одделот за Заштитени подрачја и обнова на шумски предели.
 
 

Партнери

Поддржано од

Член на: