Жири комисијата на Конкурсот за најдобра планинска фотографија на ЕХО 2025

Жири комисијата на Конкурсот за најдобра планинска фотографија на ЕХО 2025, Членови на жирито:

Кети Талевска Бакревска

Покрај дигиталната фотографија се занимава активно и со алтернативна фотографија: класична аналогна фотографија, лумен принт и цијанотипија.
Има учествувано, организирано и жирирано повеќе домашни и меѓународни изложби.
Со две самостојни изложби (2022 и 2024 година) на лумен принтови е единствена во нашата земја која што се претставила со оваа фотографска техника.
Како предавач има одржано работилници за: лумен принтови на ЗРНО фестивалот во Скопје и во Виена, Австрија, работилница за камера обскура во Битола, работилница за стоп анимација и видео монтажа во Скопје.


Горан Кузмановски

Роден во 1982 година во Битола, Горан дипломира електроника и е татко на Дориан и Тара. Тој започнува со скијање и качување уште на мала возраст, кога станува член и на македонскиот национален тим во алпско скијање. На 15-годишна возраст, тој станува многу посветен на планинарството, вклучувајќи го секако и качувањето во зимски услови.
2000 - ја открива фотографијата и таа станува негова голема пасија, земајќи учество при тоа, но и победувајќи на повеќе меѓународни конкурси по фотографија,
2002 - започнува со качување на карпа и алпинизам, искачувајќи околу 40 нови насоки, од кои неколку во зимски услови,
2004 - го формира качувачкиот клуб Вертикал, каде ги споделува своите вештини и искуство, со нови генерации качувачи,
2006 - станува инструктор и поставувач на насоки по спортско качување, отворајќи 30 спортски насоки,
2007 - започнува да работи во компанијата Макпетрол, во ИТ секторот,
2008 - зачетоци во видео продукција,
2012 - започнува да се занимава со парагјладерство,
Исто така активно фотографира различни спортски и културни настани.

Димитар Чунговски

Димитар е роден во Битола, 1979 година. Неговите почетоци во фотографијата се поврзани со рачната изработка на аналогна црно-бела фотографија уште на многу мала возраст, за време на основното образование.
После направената пауза за време на неговите студии, а со доаѓањето на дигиталната технологија, некаде во 2003 година тој ја продолжува фотографската уметност.
Еден е од основачите на Фото Кино Клуб Битола каде што активно членува, а од 2022 година се стекнува со звањето Кандидат Мајстор на фотографија на Националната Фото Унија на Македонија.
Во 2016 година ја одржува својата прва самостојна изложба „Два Света“ која ја прикажува во повеќе градови во Македонија, како и надвор од неа.
Учествувал на повеќе од сто домашни и меѓународни групни изложби на фотографии каде што има освоено голем број награди и признанија.

Партнери

Поддржано од

Член на: