Вистинско задоволство ни е што за наградите во категориите Најдобар качувачки и најдобар алпинистички филм одлучува дел од тимот на Македонската алпинистичка федерација.
Жирито се состои од луѓе кои имаат искуство во областа на филмот и се докажани страсни љубители на природата и планинари.
Христина Крстеска е визуелен уметник и истражувач. Има завршено магистерски студии на Факултетот за Ликовни Уметности, а нејзината уметничка работа се базира на мултимедијални практики. Во полето на уметноста таа работи со интердисциплинарен пристап, истражувајќи за карпите и влијанието кое човечките активности го оставаат врз нив. Христина исто така е активен член на Македонската Алпинистичка Федерација веќе 10 години. Има остварено многубројни искачувања на алпинистички локалитети во државата и надвор, како и учествувано во повеќе алпинистички семинари.

Мартин Пејоски е алпинист, архитект, водич во планина, спасител, едриличар... Страствен алпинист со долгогодишно искуство како водич и спасител во планина! Покрај архитектурата како негова професија и фокусот кон планините, секогаш наоѓа време за неговата втора пасија - едрењето.
Илија Циривири е успешен алпинист со искуство дологодишно искуство и длабока страст за зимски искачувања. Некои од неговите најпредизвикувачки алпинистички подвизи се направени прегрнувајќи ја убавината и предизвиците на зимскиот пејзаж. Алпинистички инструктор чии авантури во алпинизмот ја мотивираат помладата генерација. Како филмски продуцент, синтетизирајќи ги сировата убавина на алпинизмот и алпинистичкот предизвик создава филмови кои пркосат и во себе го носат истражувачкиот дух.