Презентации

Покрај филмска програма, Ехо организира и презентации на домашни и странски вљубеници во планините. Ви претставуваме дел од досегашните презентации:

д-р Билјана Гичевски (Македонија) со презентација: - Споменик на природа „Слатински Извор“

Во подножјето на планината Песјак, во долното течение на Слатинска Река се наоѓа карстен предел изграден во најстарите карпи на планетата Земја. Овој предел, според македонското законодавство претставува заштитена категорија Споменик на природа, а тоа се наоѓа и на Привремената листа на УНЕСКО за заштита на светското културно наследство. Во Споменикот на природа „Слатински Извор“ има пет пештери кои се формирани од површинските води на Слатинска Река и нејзините притоки Крушеска и Маркоска Река. Пештерата Слатински Извор со должина од 4 км е најдолга пештера во Р Македонија. Низ неа тече подземен речен тек, има едно пештерско езеро и во неа се формирани пештерските украси корални сталактити – единствени украси од овој тип во нашата земја. Пештерата Горна Слатинска претставува единствената тунелска пештера во Р Македонија, со влез и излез и е пештера адаптирана за алтернативен спелеотуризам. Каналите на пештерата Пурало се на две нивоа, имаат должина од 1.5 км, низ неа протекува речен тек и во зимскиот период од годината низ влезот на пештерата избива топол воздух. Овчарска Пештера има канали кои се распоредени на две нивоа, а во минатото се користела како трло за чување овци. Малата пештера Горна Слатинска е позната по тесниот влез и сувите пештерски канали. Споменикот на природа „Слатински Извор“ и неговата околина нудат одлични можности за планинарење, алпинизам и планински велосипедизам.

Партнери

Поддржано од

Член на: