Силво Каро: „40 ГОДИНИ АЛПИНИЗАМ“
Силво е дел од „рок енд рол“ генерацијата, која внесе енергија и ритам во планините - насекаде во светот. Посветеноста, смелоста, ентузијазмот и искреното пријателство ги создадоа Тројцата мускетари: Франчек Кнез, Јанез Јеглич и Силво Каро. Големите карпи на Фицрој, Серо Торе, Торе Егер и Багирати - беа многу важна етапа во неговата кариера, која беше комбинација од искачувања во хималајски џинови и на спортски 8а насоки. Тој го следеше трендот на врвниот алпинизам, што резултираше со развивање на силен афинитет кон качувањето во лесен и брз стил. Неговиот пат го носеше низ аналогните 1970ти, кон брзиот живот во новиот милениум – од руралните средини кон бруталните патагонски невремиња, бескрајните хималајски пространства, џиновските игли во Каракорум, индиски монсуни, големите карпи на Јосемити и прекрасните Јулиски Алпи.