Презентации

Покрај филмска програма, Ехо организира и презентации на домашни и странски вљубеници во планините. Ви претставуваме дел од досегашните презентации:

Никита Балабанов (Украина) - ТАЛУНГ

На 7то издание на ЕХО ни дојде гостин од Украина: Никита Балабанов. Роден во 1989г., младиот Украински алпинист го доби престижното признание „Златен цепин 2016“, за првенственото искачување на северозападниот столб на Талунг (7348м), во пределот на планината Кангченџунга во Непал, кое го направи заедно со својот партнер Михаил Фомин. 

Насоката е долга 2350 меетри и беше наречена „Daddy Magnum Force“ и е со оцена M6, AI6 A3, со целосно земена тежина од ЕД2. Искачувањето траело од 18ти до 25ти октомври 2015 година. Претходно, во 2014та, тие имаа уште едно првенствено искачување на северозападниот столб под врвот Лангшиса Ри (6427м).

Балабанов ни го претстави искачувањето на Талунг, како и некои други негови интернационални експедиции, зборуваше за алпинизмот во Украина и една интересна тема за секој млад и амбициозен алпинист, според негови зборови и искуство: "Како да успееш со мал буџет на Хималаи...".

Ова гостување беше овозможено од Украинскиот дистрибутивен центар (www.udc-trade.com ) и со голема помош и заложба на Ростислав Палагусинец, заменик амбасадор од Амбасада на Р. Украина.

Партнери

Поддржано од

Член на: