Презентации

Покрај филмска програма, Ехо организира и презентации на домашни и странски вљубеници во планините. Ви претставуваме дел од досегашните презентации:

Борис Лоренчич (Словенија) - НАГОРЕ И НАДОЛУ

На 7мото издание на ЕХО, во делот со презентациите доминираа алпинисти. Меѓу нив и Словенечкиот алпинист Борис Лоренчич со презентацијата "Нагоре & Надоле", со која ги опфати неговите почетоци во 80тите, како и експедииците на кои учествувал ширум светот до денешен ден.

За него не е важна само целта, туку и начинот на кој таа ќе биде достигната. Поради тоа повеќето негови искачувања се направени во слободен алпинистички стил и секогаш без користење на дополнителен кислород. Борис е добитник на признанието Златен Цепин за искачувањето на северо-западниот столб на Чомолари(7326) во Тибет, заедно со Марко Презељ.

Тој е роден во 1970 и живее во Марибор со својата сопруга Наталија и две деца. Словенија е мала земја, но полна со разноликост, а поради тоа и одлична за секаков вид на активности во природа. Највисоката плнаина во Словенија е Триглав. Висока само 2863 метри, сепак со својата северна страна која е висока 1000м и широка 4000м, таа е една од најважните за алпинистите во таа земја. Борис е активен во планините уште од својата 15та година, но во последните 30 години алпинизмот, скијањето и качувањето се неговиот начин на живот. Во текот на овие години тој има реализирано бројни искачувања и учествувано во многу експедиции во целиот свет. Доломитите и Алпите му се на дофат и таму има направено многу искачувања на тешки страни и по тешки насоки. Тој исто така има качувано и во Северна Америка (Јосемити, Ред рокс, Џошуа), на Аљаска, во Патагонија и во Хималаите.

Тој е и УИАГМ водач од 2004тата година и најчесто ги води своите клиенти во Доломитите и Алпите - планини кои многу добро ги познава.

Партнери

Поддржано од

Член на: