Светите врвови во џунглата се инспирација за многубројни истражувачи, талкачи, научници и алпинисти. Во оваа презентација на рускиот алпинист Александар Кленов, патувавме низ џунглата, се сретнавме со домородните народи, отидовме до светиот тепуи Рораима каде што Александар и експедицијата качуваа првенствена насока, но имаа и повисока цел од искачувањето: таму беа и поради еден кристал и за да го спасат светот. Звучи како најава за научно-фантастичен филм? Тие што беа на ЕХО на оваа презентација – навистина уживаа!