Презентации

Покрај филмска програма, Ехо организира и презентации на домашни и странски вљубеници во планините. Ви претставуваме дел од досегашните презентации:

Бојан Петковски (Македонија) - СПЕЛЕОНУРКАЧКА ЕКСПЕДИЦИЈА „ВРЕЛО 2012“

Во периодот јули-август 2012 година, во организација на Спелеонуркачкиот клуб Врело од Скопје, се одржа спелеонуркачката експедиција ВРЕЛО 2012.

Целта на експедицијата беше да се достигнат нови длабочини и да се откријат нови канали во подводната пештера Врело (Коритиште), која се наоѓа во кањонот Матка.

Пештерата Врело (Коритиште) е всушност изворска пештера во која со експедицијата од 2010 се достигна длабочина од -212м. Специфичноста на пештерата е во тоа што најпрво треба да се нурка во скоро хоризонтален канал во должина од околу 450м, пред да се стигне до вертикалата која се спушта до -212м.

Партнери

Поддржано од

Член на: