Победници на EХО Планинскиот филмски фестивал 2017

Жирито во состав, Влатко Галевски, проф. Ферид Мухиќ и проф. Ендру Гудспид, на осмото издание на Фестивалот на планински филм ЕХО, ги донесе следните одлуки:

ГРАН ПРИ на овогодинешното издание на ЕХО се доделува на филмот:
Одметник: Легендата за Фред Беки на авторот Дејв О’Леск.
Образложението на жирито е едноставно: Комплексен, конзистентен, целосен!


Специјално признание за долгометражен филм
Втората награда и статуетка во категоријата на долгометражни филмови, жирито ја доделува на филмот во кој на едноставен, непретенциозен начин е раскажана патувачката приказна на луѓето во жолтиот автобус, каде смеата, оптимизмот и радоста на протагонистите скијачи и бордери, зрачи во сите средини каде што престојуваат.
Филмот „Во Гора“ на режисерот Енди Колет!


Најдобар краток филм на фестивалот
Статуетката во оваа категорија, со едногласна одлука се доделува на филм кој открива еден нов неверојатен аспект на комуникација со природата.
Звукот, хармонијата од звуци третирани како естетско и суштинско битие на природата.
Филмот: „Слушање“ на авторите Метју Микелсен и Палмер Морс!


Специјално признание за краток филм
се доделува на филмот кој зборува за една специфична телесна и ментална состојба на човек, кој соочувањето со стравот го доживува како своевидна привилегија.
Десетминутна сага за храброста и пријателството: „Со страв“ на режисерот и снимател, Метју Њутон.


Најдобро кратко видео од Конкурсот за кратко видео
Поради длабоко хуманата порака и емоциите кои ја поттикнуваат нашата свест и потсвест за делување во насока која сме ја подзаборавиле - во насока на човекот, во насока на осуммината слепи планинари.
Видеото „Очи“ на Александар Панајотов и Анела Ставревска - Панајотова.


Специјално спомнување за кратко видео од Конкурсот за кратко видео
за видеото во кое за само 4 минути успешно е спакуван возбудлив монтажен спој на слика и музика.
Видеото: „Планинарење и летање“ на Горан Кузмановски.

 

Победничкото кратко видео:

Партнери

Поддржано од

Член на: