Сцената е поставена на западната обала на Гренланд, за време на календарската зима. Двајца качувачи, Марчин Јети Томашевски и Павел Халдаш, планираат да искачат прва првенствена насока искачена во овој период од годината.
Во филмот течат неколку раскажувања – Жена од локалните Инуити се сеќава на својот татко; раскажувач го опишува присуството на качувачите во замрзнатите фјордови; а раскажуваат и самите качувачи.
Во филмот не се претставуваат техничките тежини на качувањето, туку само внатрешните животи на карактерите и нивните рефлексии на експедицијата.
„Инусук“ е тип на скулптура која ја склопуваат Инуитите со аранжирање на камења. Таа претставува човек кој стои и има практично значење – таа е патоказ. Инусук исто така може да го покаже и патот низ животот, враќањето дома – исполнувајќи ја и на тој начин својата мистична цел.