„Тупунгато – емпатија во смртта“, Рафаел Пис, Чиле, 15’, 2023

Филмот е резултат на 6-годишна опсесија на авторот да направи визуелизација на загрозена област. Зимска експедиција на највисокиот врв, вулканот Тупунгато – станува битка за животната средина, со надеж да се создаде национален парк, кој би опфатил околу 140000 хектари богат биодиверзитет, како и сериозен извор на вода за 40% од населението на Чиле. 
Интервјуа со докажани научници, како и активисти, откриваат превез на корупција во власта и мултинационалните компании, кои се темелат на империска религиозност и диктаторски устав. Овој експлозивен филм ги прикажува историските протести, преку кои населението на Чиле се крева за свои социјални права и заштита на животната средина.
 

Партнери

Поддржано од

Член на: