На карпите во француските и италијанските Приморски Алпи, името на Жан Гонанд резониран како легенда.
Преку силни првенствени насоки, смели варијатни, дрвени клинови или едноставни клинови на кои има иницијали „ЖГ“ - оставени да служат како обезбедување на тешко движење, Жан оставил своја трага преку голем број насоки.
На бројните врвови, Жан ги има искачено своите омилени насоки и по 50тина пати, а на 83-годишна возраст, пасијата за планините која го исполнувала во текот на целиот негов живот - е посилна од било кога. Секогаш со истата нескротлина енергија, истата желба и радозналост...
Долгото планинско патување на Жан е полно со неверојатни достигнувања, и покрај тоа што требал често да одржува и рамнотежа со својата работна обврска како механички фрабрички работник. Современик и партнер во наврска на познати лица во алпинизмот како Патрик Беро - Жан е дел од еволуцијата во качувањето, повеќе од 50 години.
Тој е исто така и партнер на многу жени-алпинисти, при што помага во феминизирање на овој спорт - внесувајќи го во животите на многу пријателки на кои им помага да стекнат самодоверба и самите да реализираат амбиционизни искачувања.
По покана на својот пријател, Стефан Беноа, Жан се согласува да сподели дел од своите авантуристички приказни и анегдоти пред камера. Со неговата карактеристична добрина и понизност, со очи светнати од радост - Жан ни ги отвори вратите на неговиот вертикален свет.