Ова мало село и неговото опкружување ги имаат оформено животите на многумина - качувачка култура која е толку херојска и иконска колку што се тие во Шамони или Јосемити и која израснала на планините, каменоломите и карпите на брегот кои го имаат најдоброто традиционално качување на карпа во светот.
Локалните качувачи, Зои Вуд и Лоис Перин Вилиамс не' понесуваат на носталгично патување, истражувајќи како ова место имало такво влијание врз луѓето кои живееле, работеле и играле во овој прекрасен дел во Велс во последниот скоро еден век. Преку интервјуа и архивски материјали на дел од најактивните и најживописни личности во качувањето во Британија, „Дом“ нежно ни дава чувство на дом, заедница и припадност - и како планините во Велс се причина за копнеењето.
А според зборовите на Џон Редхед: „Мислам дека Северен Велс е домот на духот на качувањето - без сомнение...“