„Виорник од работ“, Игор Вртачник, Словенија, 2024, 107'

На крајот на 19тиот век, во планините во Словенија се случува битка за влијание помеѓу Словенечекото планинско друштво и германските друштва - битка против национално опресивните активности на странците. Овој конфликт се шири и во алпинизмот на највисоките врвови, а посебно значење има „битката“ за северната страна на Триглав - каде младите и смели „Скалаши“ играат главна улога. Токму благодарение на членовите на Алпинистичкиот клуб Скала во трката за победа на оваа карпа, победуваат Словенците.

Јожа Чоп, малиот и неписмен човек од народот, ја добива длабоката почит и восхит од целата словенечка интелектуална елита, како од современиците, така и од сите следни генерации Словенци. Тој е идол за членовите на клубот Скала, но пред се' тој е идол на цела подоцнежна генерација на млади алпинисти. Сепак, во една прилика тој вели: „Никогаш не качував за слава и за да ме има по весниците, за да можат потоа луѓето да си го бришат задникот со мене.“

Ова е филм со многу поголема приказна: за раѓањето и за почетоците на словенечката интелектуална и спортска елита.

Изјава од режисерот: Времетраењето и поминувањето на одредено сеќавање е специјално чудо само по себе, кое докажува колку блиски или далечни навистина сме - независно на разликата во време, од децении или векови помеѓу нас.

Партнери

Поддржано од

Член на: