„Големиот бел кит“, Мајкл Чарлс Дилон, Австралија, 2023, 104'
Длабоко во дивиот Јужен Океан, на пола пат помеѓу Австралија и Африка, како голем бел кит се издигнува 3000-метри висок заснежен вулкан. Пет пати се обиде да го убие првиот тим кој се обиде да го искачи... Но, тие беа упорни и одлучија да се вратат, низ најлошите води во светот - да се обидат повторно, а овој пат со легендарниот Бил Тилман како капетан. Ова е возбудлива приказна за тие две експедиции, раскажана од самите учесници, од кои еден и ја пее приказната - како што и впрочем доликува за таква епска сага.