На 28ми јуни 1870 година, Мета Бревурт заминува на смел обид да стане првата жена која би се искачила на Ла Меж во Алпите. Одлучувајќи се за забележливиот врв Дуа де Дју, нејзината наврска предоцна увидува дека вистинскиот врв, Гранд Пик де ла Меж - е само неколку метри повисок. Непреминливиот, остар како нож гребен - застанува на нивниот пат да стигнат до врвот. Но и покрај тоа, секако и искачувањето до Дуа де Дју било неверојатно достигнување - се сметало дури и за невозможно...
Мета Бревурт станува вистински пионер во алпинизмот, искачувајќи бројни врвови и рушејќи ги при тоа социјалните и родовите норми.
Во овој филм, со кој се оддава почит кон Бревурт, Марија Гранберг ги оди нејзините чекори - го искачува Ла Меж и нурнува во богатата оставштина нажените, која е непреведно потценета во историјата на алпинизмот. Филмот го фаќа духот на авантурата, предизвикот на искачувањето и беспоштедното трчање по соништата - наспроти сите шанси...