„Теоријата за големата вода“, Емил Домин, Франција, 2024, 84'

Преку филмот ги следиме супер-ѕвездата во кајакот на диви води, Нуриа Њуман и двајца пријатели од детството, во нивното навигирање низ една од најпредизвикувачките секции во светот: кањонот Ронду на реката Инд - во Пакистан.

Документирајќи го обидот на Нуриа во комплетирање на првото интегрално поминување на овој кањон од страна на жена - е привлечно истражување на човечкиот дух и смелата потрага по авантура. Филмот нуди моќен и инспиративен, но многу детален и информативен увид во светот на екстремното кајакарење.

Сниман со Каракорам планините во позадина, филмот ја потенцира ранливоста на природата на спортот, преку запрепастувачки симнувања кои ги тестираат психолошките и физичките граници на кајакарите.

Партнери

Поддржано од

Член на: