„Помеѓу бранови“, Лук Канеб, САД, 2024, 12'

Инспиративен филм кој го истражува животот на Франческа Клапкич, која е професионален едриличар, двојна Олимпијка, учесник во Американскиот куп, како и првата Италијанка која победила на Океанската трка - иконска, тимска трка околу светот.
Преку овој краток филм, ќе имаме можност подобро да ја запознаеме Франческа и да разбереме зошто го одбрала едриличарството како своја животна пасија, прифаќајќи го непознатото и следејќи ја својата непресушна жед за авантура. Во природата - Франческа ја наоѓа својата слобода, која и' дава сила да го сподели својот став и перспектива.

Како што се развива нејзината кариера, Франческа станува глас за промоција на инклузивноста и грижата за природата.  Таа не само што станува водечката ѕвезда во рамките на својата професија, туку и инспирација за својата млада ќерка и нејзината заедница. Филмот покажува што се' може да се постигне со посветеност, порив и нескротлив дух.


Партнери

Поддржано од

Член на: