Овој филм е прослава за откривањето, авантурата и предавањето на факелот на следните генерации - со Антарктикот како позадина.
Го следи патувањето на познатото семејство Де Ле Ру, при што Чави, Виктор и 18-годишната Мила со брод го поминуваат преминот Дрејк, со цел да скијаат по незамисливо стрмни и замрзнати линии на велиот континент.
Иницијацијата на Мила во фри рајд скијањето на големи планини се прикажува преку записите во нејзиниот личен дневник, со кои се покажува нејзиното растење при соочувањето со стравот и прифаќањето на предизвикот.