„Ноќната смена“, Руслан Вакрилов, Бугарија, 2024, 15'

Силна светлина ја расцепува прекривката на ноќта. Темнината се трансформира во морничави сенки, кои танцуваат покрај стопалата на своите господари. Чудна, коцкеста форма на живот ѕирка низ шумата, трагајќи по конкретно парче карпа.

Голтнати од темнината, без боја и перспектива, танцуваме на работ на сенката, правејќи си го патот низ комплексен систем на карпести формации. Решаваме сложувалка, која не може да биде решена при светлината на денот. Креираме движења - како да им пркосиме на законите на физиката.

Креираме метафизика.

Партнери

Поддржано од

Член на: