„Удавени риби“, Амир Ел-Шанави, Египет, 2023, 8'

Краток документарен филм за еден од последните рибари на езерото Карун во Фајум, Египет. 67-годишниот Самир, живее во селото Шакшук, каде цела заедница зависи од риболовот како извор на финансии.
Низ годините, езерото почнува да се соочува со многу еколошки проблеми, што е причина младите рибари од селото, да се отселат во приморските градови низ Египет, па таму остануваат само старите рибари кои зборуваат за златните времиња на езерото.
Раскажувајќи едноставна приказна, филмот ги става во фокус последиците од уништувањето на екосистемот на рибарската заедница во Египет.

Партнери

Поддржано од

Член на: