Контрастот, скоро поетски, помеѓу живеењето во планина и живеењето во градот - не' замислува и тера да размислиме околу тоа како планината, од студена и сурова средина, со тек на време се менува со цел да одговара на урбаните структури и потреби, надминувајќи ги ограничувањата кои пак овозможуваа да живееме во рамнотежа со природните екосистеми.
Во овој филм се раскажува приказната за Емануеле и Симоне кои патуваат со велосипеди од Тренто кон Трите кули на Лаваредо и нивното постепено реоткривање на планините преку нивната убавина. Велосипедот станува алатка која ги обединува двајцата протагонисти во таа менлива средина - место кое доживува драматични промени предизвикани од климатската криза и масовниот туризам.
Филмот е поделен во четири поглавја (Историја, Рурални ситуации, Вода, Оставштина), раскажан со гласот на протагонистите, надополнети со коментари на Марта Вила (антрополог), Роберт Бругер (Претседател на АСУЦ Трентино), Микеле Нардели (есеист) и Луиџи Касанова (почесен Претседател на здружението Планинска дивина на Италија).